Се запали автомобил во гаража во населбата Сењак во Штип, пожарот изгаснат

Се запали автомобил во гаража во населбата Сењак во Штип. Станува збор за возило од марката „БМВ“, кое претрпело материјална штета во пожарот.

Пожарот бил пријавен денеска во 10:55 часот, по што веднаш на терен интервенирала Територијалната противпожарна единица – Штип со едно противпожарно возило и четворица пожарникари.

Благодарение на брзата интервенција на противпожарната екипа, пожарот бил локализиран и спречено било негово проширување на соседните гаражи. За среќа, во настанот нема повредени лица, а причинета е само материјална штета.

Засега нема информации за причините поради кои избувнал пожарот.

Иван Митев, М-Нет