
Се вози како на автопат во штипската приградска населба Стар Караорман, иако сообраќајниот знак дозволува брзина од само 40 километри на час. Вознемирени и револтирани, жителите од овде испратија пораки до нашата редакција, со цел се реши нивниот проблем. Велат дека автомоблите летаат и по 100 километри на час и често излетуваат од патот, завршувајќи во нивните дворови. Стравот е најголем кога децата одат на училиште, додаваат тие, или кога постарите премиуваат улица за да пристигнат до продавница. Замолуваат возачите внимателно и одговорно да управуваат со возилата, со цел да не биде загрозен животот ниту на нив, ниту на случајните минувачи.
Жителите потенцираат, овој случај би можел да се стабилизира со поставување на повисоки лежаки полицајци, кој би можеле да ја намал брзината на движење, особено на излезот од селото, додаваат тие.
Од полицијата велад дека се запознаени со проблемот. Екипи на Свр Штип се постојано на терен, но апелот останува ист. Возачите да бидат внимантелни и одговори, да ги почитуваат сообраќајните правла и прописи, да возат одговорно, со цел побезбедни патишта за сите.
Иван Митев, М-Нет