Во врска со видеото кое беше споделено во дел од медиумите на кое се гледа како на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје од страна на неколку возила е попречен сообраќајот, вчера во Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје повикани се 28-годишниот Д.Г. кој управувал патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, 25-годишниот М.П. кој го управувал патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, 48-годишниот Љ.Б. кој управувал патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки и 23-годишниот С.С. кој управувал патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки.
Кон лицата преземени се соодветни мерки по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за сторен сообраќаен прекршок и ќе се соочат со законски предвидените глоби.
Текстот (Видео) Се веселеа на свадба и блокираа булевар во Аеродром: казнети возачи од Скопје е превземен од МАКФАКС.