
Се асфалтира крак од ул. „Лески“ во населбата Баби во Штип. Улицата е една меѓу најавените шест на кои во моментов се работи или, пак, ќе се работи во следниов период. Според тамошните жители, потреба од асфалтирање има не само овде, туку долж целата улица, но и на неколку други. Сепак, согласни се дека убаво е сѐ што се прави ново.
Асфалтната маса се поставува на површина од 1521 м2, а за реализацијата на активноста се издвоени 838.000 денари, пари од буџетот на Општина Штип.
Ребека Спасова М-Нет