СДСМ: Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа

Од СДСМ со реакција дека, како што велат, на вчерашната прес конференција во Владата присуствувала и екипа на Euronews Македонија.

„Очигледно Владата веќе ја третира Euronews Македонија како телевизија и ѝ овозможуваат пристап на официјални владини настани.

Како кога нема се уште нема дозвола“

Значи ли ова, прашуваат од опозициската партија, дека најавената истрагата за сомнителниот влез на српската медиумска машинерија во Македонија е застаната.

„По предупредувањата на македонските телевизии и реакциите на СДСМ беше соопштено дека Финансиската полиција отворила предмет, а АВМУ ја запрела постапката.

Како тогаш работат медиумите на Вучиќ во Македонија?

Што прави АВМУ? Или мачкаат очи?

Што прави Трајчевски што во наводно регулираниот простор му се шетаат медиумски пирати?

Српскиот свет на Вучиќ веќе е во македонскиот етер.

Тече анти-македонска и анти-ЕУ пропаганда.

Наскоро медиумски мрак во служба на Русија и организираната криминална група на Мицкоски“.

СДСМ, додаваат од таму, отсекогаш се борел за демократско општество, слободни медиуми и слобода на говорот.

Истакнуваат дека даваат целосна поддршка на независните медиуми и новинари во Македонија.

„Ние веќе еднаш се боревме против медиумскиот мрак, во 2015 година.

Нема да дозволиме Македонија повторно да се врати во времето на Груевски“.

Текстот СДСМ: Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа е превземен од МАКФАКС.