СДСМ: Осветлувањето во Штип ќе се реши благодарение на нашите добро менаџирани проекти!

Опозициската СДСМ  со реакција на изјавите на градоначалникот Јорданов и дирекоторот на ЈП Стипион Ефтимов во врска со проблемите со осветлувањето во градот под Исарот. Од партијата велат дека проблемите на граѓаните ќе се решат само со проекти менаџирани од нивна страна. „Градоначалник и новиот директор свесно или несвесно ги потврдија успешните политики и чекори на СДСМ за подобрување на уличното осветлување и квалитетната услуга на граѓаните. Ние сме должни да потсетиме дека истите тие беа против ваквите договори и против Јавно приватно партнерство. Она што можеме да го констатираме од изјавите на градоначалникот и директорот на ЈП Стипион е дека тие нема да превземат ништо т.е.нема да помрднат ниту мал прст, а очекуваат проблемите да се решат. Да истите ќе се решат благодарение на успешното менаџирање на општината од страна на СДСМ и проектите кои ги наследија.“ – кажаа од СДСМ.