Oд СДСМ утрово тврдат дека премиерот Христијан Мицкоски работи на формирање на нов политички проект, кој го нарекуваат „ЗНАМ 2.0“, со цел, како што тврдат, да ги разбие опозициските гласови на следните избори.
Од партијата наведуваат дека „ЗНАМ“ се распаѓа и дека, според нив, веќе нема значајна поддршка кај граѓаните. Во соопштението се тврди дека последните двајца функционери во партијата, Максим Димитриевски и Горан Минчев, се занимаваат со поделба на функции и тендери.
„Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на нов инструмент, нов сателит – ЗНАМ 2.0, кој треба да му послужи за разбивање на опозициските гласови на следните избори“, велат од СДСМ.
Во партиското соопштение се наведува и дека ВМРО-ДПМНЕ изгубила 150.000 гласови, дека поддршката ѝ опаѓа, а дека државниот буџет е во колапс и нема доволно средства ниту за редовна исплата на пензиите.
Од СДСМ оценуваат дека „ЗНАМ 2.0“ е уште еден обид на Мицкоски да ја задржи власта, додавајќи дека, според нив, граѓаните нема да дозволат да бидат измамени.
Текстот СДСМ: Мицкоски формира нов сателит – „ЗНАМ 2.0“ е превземен од МАКФАКС.