СДСМ: Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа – Евростат зборува со бројки

Евростат објави јасни бројки. Македонија има најнизок животен стандард и најслаба куповна моќ во Европа. Просечната потрошувачка кошница кај нас чини 50 евра (индекс 49,7), додека во Европската Унија чини 100 евра, велат од СДСМ.

„Зад нас нема никој, пред нас се Турција, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија, Црна Гора и Србија. Додека Мицкоски од прес-конференција до прес-конференција зборува за „поголем раст од ЕУ“, за „прво место во туризмот“ и за „економско чудо“, Евростат вели едно: Ние сме на дното. Ниските цени не се успех. Тие се одраз на сиромаштија и слаба куповна моќ. Евростат не држи прес-конференции. Евростат објавува реалност. А реалноста е дека граѓаните живеат полошо од сите во Европа. Тоа е економското чудо на Мицкоски – во факти. А тоа најдобро го знаат граѓаните на Македонија“, велат од СДСМ.

Текстот СДСМ: Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа – Евростат зборува со бројки е превземен од МАКФАКС.