СДСМ: Дали Јорданов е вистинскиот прв човек на градот под Исарот?

Дали навистина Иван е првиот човек на Општина Штип или дефактот тоа е некој друг човек, а Јорданов е само негов извршител. Ова и низа други прашања и обвинувања утринава беа дел од прес конференцијата на СДСМ. Од таму истовремено посочи дека не помина долго време за да паднат масите на челниците на ВМРО ДПМНЕ.

„Дали е точно дека на рочиштето по обвинителен акт против поранешниот градоначалник Илчо Захариев повеќе годишен процес против оштета на општината, правниот застапник на општината се повлекол од гонењето? На основ на тоа ЈО го повлекува обвинението. За да се случи ова градоначалникот најправин го менува правниот застапник на општината и поставува нов по што се изрекува оваа мерка. Дали со овие потези се испорачува и се наплаќаат некои долгови?“ – прашаа од СДСМ.

Јорданов на ова одговори дека не коментира судски одлуки, но истовремено и дека нема да го коментира ставот на СДСМ по прашањето дали е вистински прв човек на градот или не.

„Јас не смеам и никогаш не ккоментирам судски одлуки затоа што станува збор за разграничени власти и Локалната нема додирни точки со Судската власт. Тоа што тие го укажуваат во самото соопштение дека лицето кое ја застапувало Општина Штип било пратено од моја лична страна, нормално станува збор за вработен правник во Општина Штип. Ставот на СДСМ во однос на ова не би го коментирал, тоа е нивно лично мислење“ – кажа Јорданов.

Во оваа прилика Јорданов ги спомена претходни направените прокети откако стапи на функција градоначалник, за кој на пресот од СДСМ истакнаа дека стнува збор за нивни проекти.

Лаура Стојанова М-Нет