СДСМ бара одговорност, три недели не работи ниту еден компјутерски томограф во Клинички, изјави на Елена Радеска, член на партиската Комисија за здравство.
„Три цели недели пациентите чекаат, оставени сами на себе. Ама болеста не чека.
Ова е хаос којшто го направи Клековски. Тотален распад на јавното здравство под оваа криминална власт.
Зад секој одложен преглед стои човек што чека дијагноза. Семејство што стравува. Пациент што не знае кога ќе почне да се лекува.
Клековски нека излезе веднаш пред пациентите и нека одговори: зошто три недели нема решение?
Каде се упатуваат итните случаи? Колку прегледи се одложени? Како е можно да не се лекуваат пацинетите?
Здравството, клниките не се партиски плен. За здравјето на луѓето се работи.
Не може само криминални тендери да им биде во фокусот. Не може за тендери да има а за томографи да нема пари.
Граѓаните плаќаат здравствено осигурување за да добијат преглед и лекување, а не затворени врати и префрлање одговорност.
Исто како во Гостивар, 5.000 луѓе беа отруени, одговорност нема.
Граѓаните со најскапото нешто ја плаќаат цената за катасторфалните политики на оваа арамиска, криминална власт.
Доста со арамиски работи.
СДСМ бара веднаш да се стават во функција сите томографи за да може да продолжат прегледите.
Бараме точен рок за ставање на томографите во функција и утврдување на одговорност.
Од Министерот Клековски па се до раководството на клинички“, рече Радеска.
Текстот (Видео) СДСМ бара одговорност: Три недели не работи ниту еден компјутерски томограф во Клинички е превземен од МАКФАКС.