СВР Штип спроведе акциски контроли за брзо возење и возење под дејство на алкохол

На 05.12.2021 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 69 прекршоци, од кои 46 надвор од населено место и 23 во населено место. Од нив 31 во Штип, 10 во Свети Николе, 9 во Берово, 7 во Виница, 6 во Кочани, 5 во Делчево и 1 во Пробиштип. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. На 04/05.12.2021, во периодот од 23.00 до 05.00 часот, на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола било констатирано дека 23 возачи упарвувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им биле прекршочни платни налози.