
СВР Штип поднесе кривични пријави против Е.П. (41) од с. Оризари – Кочани и С.Х.(26) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. При контрола на полициски службеници, пријавените не биле затекнати во своите домови и покрај тоа што имале решенија за изолација во домашни услови издадени од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.