Светски ден на штедењето – може ли во денешно време да се „тргнат“ пари на страна

Светски ден на штедењето, дали граѓаните штедат и имаат ли можност да заштедат. Промена на цените на оснвните производи за живот, варира цената на нафтата, инфлацијата дополнител причинител за се поретко да се стави денари во штедната кошничка. На терен во Штип граѓаните со поделено мислење. За дел штедењето во денешно време е невозможна мисисија оти не можат месецот да го поминат со примањата, а не пак да заштедат некој денар.

„Во денешно време – тешко. Нема не останува ни за преживување, не за штедење. Скапотија, многу. Со 4000 денари што можеме да штедиме. Прво и прво вода не можеме да платиме“ – велат граѓаните.

За друг дел од анкетираните пред се повозрасни граѓани во Штип штедењето е возможно, и тоа се практикува. Велат ако се троши помалку може да се заштеди некој денар.

„Може да се заштеди оти пазарот е шарен, не можеме се да купиме. Ако водиме ред, ќе си платиме белешки, можеме да заштедиме.“ – додаваат граѓаните.

Светскиот ден на штедењето е воведен на 31 октомври 1924 година, во текот на Првиот меѓународен конгрес на штедење организиран во Милано, во Италија.

Лаура Стојанова М-Нет