
Скриена на рид над светиниколското село Богословец, црквата „Св. Јован Богослов“ со векови ја чува приказната за верата, истрајноста и жртвата на народот од овој крај. Камен по камен, носен дури од кумановско Кокошиње, мештаните ја граделе светината која денес важи за една од ретките и највредни цркви од ваков тип во Македонија. Над влезот стои врежана 1866 година, но според преданијата, нејзината историја е многу подлабока и постара. Велат, за дозвола за изградба селаните патувале дури до Цариград, а црквата намерно била изградена на скриен рид, по тогашните заповеди на султанот. Во ова мало село и денес живее духот на едно време во кое верата се чувала тивко, но со огромна сила
,,Како посебно нас овде, не одржува самата црква посветена на светиот апостол и евангелист Јован Богослов. Многу ме мешаат со свети Јован Крстител, но овој е еден од 12 те апостоли на Христос. Овде на вратата можеби сте забележале 1866, мегутоа тоа не ни гарантира дека е тогаш правена, може би тогаш е реновирана. Ретки се ваквите цркви во Македонија и во Србија. Оваа црква е многу ценета и единствена, таа е донесена со одлука на сулатанот . До цариград оделе нашите луге од овде за да ја направат оваа црква. И самата црква гледате дека е на ридот, а тогаш црквите тогаш биле по заповед така градени за да не бидат истаканти, се со цел да не надвладеат над муслиманството. Дури од Кокошиње тоа е кумановско, носеле камења за изградба на црквата“, рече Златев
Некогаш празникот на Свети Јован Богослов во Богословец траел со денови – гостите доаѓале уште вечерта, преспивале во селото, а по литургијата и заедничкиот ручек следувала голема веселба. Следното утро, заедно со свештеникот, верниците се искачувале до Светијовански Рид на 755 метри надморска височина, каде и денес стојат крстот и иконата на светецот.
,,Гостите доагаа уште вечерта спроти празникот и спиеа тука и денеска а овој ден тука се правеше таа литургија, како еве и сега, а потоа лугето остануваа овде на ручек. Потоа по реучекот се излегуваше на општа веселба на средсело и замислите уште вечерта гостите остануваа и утрето дури на 22 сабајлето пак тука ќе се соберат и заедно со попот излегуваат горе на највисокиот врв кој се вика свети јовански рид, висок 755 метри надморска височина. Таму ден денеска има крст, икона на свети Јован Богослов.“, вели Златев
И денеска во Богословец се чува адетот што го оставиле старите. Црквата, ридот и собирите за Свети Јован Богослов за мештаните не се само традиција, туку дел од душата на селото и спомен што се пренесува од колено на колено.
Иван Митев, М-Нет