
Искусниот фудбалер Сашо Дуков и второлигашот Охрид се разделија, со што 30-годишникот ќе продолжи во нов клуб. Дуков во Охрид пристигна од Каменица Саса и стана најдобар стрелец во есенскиот дел, а најдобар стрелец беше и во Саса, кога лани практично „рударите“ се спасија благодарение и на Дуков кој беше одличен.
Низ својата кариера искусниот фудбалер има настапувано и за Силекс, Пелистер, Росоман, Вардар Неготино, Тиквеш, Напредок, а настапуваше и во Србија за тимот на Београд.
Дуков од денес е слободен играч и за него веќе има интерес од неколку екипи, кој ќе се обидат да го договорат и доведат во нивните редовите, а ќе биде познат во следните денови каде тој ќе ја продолжи кариерата.
Охрид есенската полусезона ја заврши на делба на шесттата позиција со Саса со по 24 бодови, а во првиот меч од пролетниот дел охриѓани ќе играат дома против есенскиот шампион Македонија ЃП.
Александар Ванев, М-Нет