
Цената на свинското месо да се покачи или во спротивно во голема мера ќе се намали одгледувањето на свињи. Сегашната цена од 100 денари килограм жива мера е неисплатлива за произведувачите на свинско месо, бидејќи храната, струјата се е со покачена цена. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци и одгледувач на свињи, Гоце Сарафимов вели дека одгледувачите бараат производната цена на свинско месо да изнесува 150 денари.
-Ние како производители на свинско месо бараме да се покаче цената, но се уште нема ништо. По месарите и супер маркетите не знаеме што ќе се случува. Инаку трошоците се многу покачени во однос на лани, еве да речеме храната за свињите е покачена 100 посто, а исто така и стујата е покачена, а цената на свинското е уште иста. Лани беше 100 денари и сега е 100 денари. Реално производната цена треба да биде најмалку 150 денари, вели Сарафимов.
Сарафимов истакна дека трендот на намалување е почнат во велешкиот регион, каде што во три фарми е намален бројот на мајки.
Серафимов додаде дека е свесен за состојбата во државата каде во изминатиот период се бележи пораст на цените речиси на сите производи, но во тешка ситуација се произведувачите на свинско месо и затоа под итно е потребно зголемување на цената на месото.
Лаура Стојанова М-Нет