
Колку и кој отпад треба да заврши на регионалната депонија која ќе се изгради во Свети Николе? Од Секторот за управување со отпад при Mинистерството за животна средина велат дека само мешаниот отпад ќе заврши на оваа депноија. Претходно во сите општини отпадот ќе се селектира и на тој начин селектиран директно ќе се преработува. За таа цел дел од проектот е и набавка на контејнери за селекција на отпад.
„Првенствено овој систем не подразбира само изградба на таа централна постројка, туку имаме и набавка на возила и контејнери. Возилата се набавени и контејнери за мешан комунален отпад. Втората фаза имаме предвидено и набавка на контејнери за селекција на отпад. Граѓаните задолжително ќе селектираат и отпадот ќе се собира одделно. Она што е селектирано ќе оди директно за преработка кај правни лица, а само она што ќе заврши како мешан ќе оди на централната постројка“ – вели Каранфилова.
Околу 20% од отпадот ќе заврши на депонијата, но според Каранфилова нема да постои слика на депнонија каква што е праксата сега. Отпадот ќе се преработува и ќе се добива метан.
„Само она што ќе заврши како мешан отпад ќе оди на оваа централна постапка. Ќе има линија за секундарна селекција. Бидејќи селекцијата никогаш не е идеална во мешаниот отпад, секогаш може да се најде отпад и од пакувани или други видови, таму имаме секундарна селекција, тој повторно и она што ќе остане има механичко биолошки третман се преработува, се добива гас и она што ќе остане ќе се депонира.“ – додава Каранфилова.
Во Источниот регион претоварни станици ќе има во Берово, Македонска Каменица, Кочани и Штип, а во североисточниот регион во Куманово и во Ранковце.
Лаура Стојанова М-Нет