
Сакал да се забавува со своите колеги во дискотетката Пулс, но завршил на клиника во Пловдив Р.Бугарија. Штипјанецот Александар Авукатов, еден од повредените во пожарот во Кочани, со солзи во очите, раскажува за големата и страшна трагедија која се случи таму. Тој со својот бенд претходно бил на настап во кафе-бар во Кочани, а потоа, по договор со пријателите, заминале во дискотеката за да ги посетат своите колеги од ДНК кои настапувале во Пулс. Застанале на маса близу сцената, се поздравиле со нив и почнале да се забавуваат.
Пред камерите на М-Нет телевизија, Авукатов вели дека вечерта била преубава и атмосферата одлична, но за миг се се претворило во голема катастрофа.
,,Ние бевме на настап со мојот бенд во кафе бар во Кочани и оттаму со нашите пријатели кои беа таму се договоривме да ги посетиме нашите коелги, кои еве дел и не се повеќе помеѓу нас, со цел да им присуствуваме на нивниот настап и ете после настап да се подружиме малку и отидовме таму, но не затече најлошто. Беше стварно прекрасна вечер со преубава атмосфера, но меѓутоа за миг се претвори во катастрофа.“, рече Авукатов
Откако се вкучиле прскалките, Авукатов сведочи се запалил плафонот. Панчо од ДНК соопштил на сите веднаш да излегуваат, но огнот се ширел бргу. Авукатов тврди дека голем дел од гостите се заглавиле во ходникот, па затоа голем дел од нив настрадале таму.
,,Ние од кога дојдовме веднаш се сместивме до бината каде што настапуваа колегите, си мавнавме рака и се поздравивме, со некој од нив за последен пат. Потоа се вкучија прскалките и се запали плафонот. Панчо кажа дека треба да излегуваме и почнаа луѓето да излегуваат, но огнот се ширеше бргу. Jас не излегов бргу се празнеше дискотетката, но се заглавивме во ходникот, како и стие, голем дел настрадавме таму.“, додава Авукатов
Во целата несреќа, Александар останува свесен цело и на нога преку целото време. Така и излегол надвор без никаква помош. Благодарение на Бога останува жив, но останал повреден во пределот на рацете, рамениците и главата.
,,Да бев свесен цело време, бев на нога, а така и излегов, без помош, сам излегов надвор. Бев доста повреден .”, истакна Авукатов
Александар бргу бил донесен во штипската клиничка болнива и тврди дека персоналот овде реагирал брзо и дал се од себе, но за жал имало премногу повредени. Потоа бил транспортиран во Скопје, а оттаму дури во Плодвид. Таму останува околку 50 сетина дена, му биле извршени неколку оперативни зафати, а лекарите му дале грижа, како за свое дете.
,,Да, јас бев донесен од Кочани во штипската болница, се реагираше експресно брзо. Целиот персонал и овде даде се од себе. Премногу беа повредени. Потоа бев транспортиран во Скопје, па оттаму во Пловдив. Таму продолжив со лекувањето, ми направија неколку оперативни зафати на рацете и рамениците, а ми беше повредена и главата. Грижата и неагата на лекарите таму беше фантастична, се грижеа буквално како за свои деца. Таму се задржав околу 50 тина дена.“, кажа Авукатов
Инаку, на Александар, но и на останатите повредени и породолжува нивното лекување. Околу 5 мина од нив, се уште одат на рехабилитација во КБ Штип, а поголем дел одат во Кочани.
Иван Митев, М-Нет