Рудолф Благоџи одново обезбеди триумф за Брегалница на контролката против Караорман

Штипска Брегалница одигра нов контролен натпревар во рамки на подготовките во Охрид, а овој пат со минимални 1:0 славеше над второлигашот Караорман од Струга.

Рудолф Благоџи беше повторно човек на одлука, бидејќи со неговиот гол „сините“ го совладаа струшкиот второлигаш.

Интернационалецот од Гана е на пробен период во Брегалница, повторно одигра одлучи натпревар и забележа погодок, откако беше човек на одлука со неговиот гол и против Тиквеш на контролката во Штип, каде Брегалница беше подобар со минимални 1:.

Претходно Брегалница одигра 0:0 со Академија Пандев во Струмица, а во Охрид беше поразена со 3:0 од Воска Спорт.