
Најтрофејниот македонски ракометен клуб и поранешен двократен европски шампион Вардар на 17. јули ќе ги започне подготовките за новата сезона од Суперлигата.
Според планот на стручниот штаб десет дена ќе се работи во салата „Јане Сандански“ во Скопје, потоа екипата заминува на планина, во Маврово каде ќе се одвива вториот дел од подготовките.
„Вардарци“ во Маврово ќе се задржат во период од 26. јули до 3. август, по што екипата се враќа во Скопје.
Вардар го потврди учеството на два турнири, во Струга од 14 до 17 август, и во Охрид од 20 до 24 август. Во меѓувреме се очекува ждрепката во Лига Европа, и противниците во натпреварите.
Минатата сезона Вардар заврши на 2. место со 39 бодови, два помалку од шампионот Еурофарм Пелистер кој имаше 41 бод.
Александар Ванев, М-Нет