
В недела се играат натпреварите од 11. коло од Третата македонска фудбалска лига, а дербито на колото го играат Тиверија и Осогово во Струмица. Меч во кој трите бодови се императив и за двете екипи.
Тиверија сака продолжување на победничката серија против лидерот и лански второлигаш Осогово, кој пак во Струмица доаѓа да ја потврди единствената цел – експресен кам-бек во второлигашкото друштво.
„Жетварите“ минатата сезона испаднаа директно од Втора лига – Исток, сезонава доминираат во Трета лига – Исток, но во Струмица ги очекува тешко гостување против Тиверија, која сака да го запре победничкиот Осогово. Овој дуел ќе го суди искусниот Доне Ристовски од Гевгелија.
Интересно соочување ќе гледаме и во Берово каде Малеш ќе го пречека составот на Рудар, во меч каде трите бодови се важни и за двете екипи за што подобар пласман во есенската полусезона. Шампионот Овче Поле в недела ќе гостува во Дојран кај Дојранско Езеро, „фенерџијата“ Вардарски ќе игра против Брегалница од Делчево, во Валандово свое соочување ќе имаат Победа и Карбинци, а пак Спартмани на теренот во Градско Балдовци ќе игра со новајлијата Академија Чешиново-Облечево.
Сите натпревари ќе започнат во 13:00 часот.
- Делегирани судии 11. коло ТМФЛ – Исток:
Вардарски – Брегалница Делчево, Марјан Гоцевски (Струмица)
Тиверија – Осогово, Доне Ристовски (Гевгелија)
Победа Валандово – Карбинци, Јордан Јовановски (Гевгелија)
Малеш – Рудар, Тоше Џамов (Кочани)
Дојранско Езеро – Овче Поле, Ристе Сејменов (Струмица)
Спартмани – Академија Чешиново-Облешево, Александар Ѓеоргиевски (Делчево)