
Временските услови од изутринавa го оставија полупразен пазарот во Кочани. Народ немаше, а намален беше бројот и на продавачи. Со оглед на фактот дека дел од пазарот не е покриен, продавачите кои одлучиле и денеска да се обидат да продадат нешто и да заработат некој денар импрозивирале, па тезгите ги покривале самостојно. Сѐ уште најбаран е зеленчукот, но произведувачите велат – за толку мака и труд, побарувачката е релативна.
Поголем дел од граѓаните кои ги сретнавме на пазарот во Кочани и ги анкетиравме велат дека цените на производите го достигнуваат врвот. Скапо е, па се купуваат само најосновните производи.
Од другата страна на пазарот во Кочани каде се продава текстил народ имаше уште помалку. Недостасуваат и поголем дел од тезгите, бидејќи овој дел од пазарот е целосно откриен, па продавачите мораат самостојно да се снаоѓаат на кој начин ќе ја покријат и заштита својата тезга од временските услови.
Лаура Стојанова М-Нет