Речиси 30% излезност на претседателските и околу 25% на парламентарните избори брои излезноста на гласачи на Општина Штип

Навршуваат првите шест часа во кои граѓаните можеа да гласаат, а остануваат уште шест часа. На територија на Општина Штип своето право на глас за претседателските избори го исполниле 29,30%, а за парламентарните избори 25,73%.

„Во избирачкото место 2300 до сега се се одвива во најдобар ред имаме добра излезеност очекуваме поголема излезност во попладневните часови. Се тече мирно во најдобар ред, убик апаратот е во одлична состојба и сме задоволни сега за сега. До сега гласаат и за парламентарните и за претседателските паралелно, нема опструкција.“ – изјави Гацов

На избирачките места во Општина Штип претседателите потврдуваат дека и понатаму избрирачкиот процес се одвива во најдобар ред без никакви проблеми, со што очекуваат дека ќе заврши и така.

„До 13 часот имаме околу 30% излезност во изборното место 2295. До сега сме немале никакви проблеми, изборите се нормални без никакви проблеми се е во ред.“ – додава Гоцев

Речиси 30% од гласачите го остариле своето право на глас до 13 часот, потврија и од изборното место 2295 во основното училиште Ванчо Прќе. Очекуваат излезноста да се зголеми во попладневните часови.

Лаура Стојанова, М-Нет