Репрезентацијата на Македонија до 17 години ќе одигра два пријателски натпревари против Турција во Анталија

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ќе одигра два пријателски натпревари против Турција во Анталија. Селекторот на македонската репрезентација, Влатко Колев го објави списокот на повикани фудбалери за овие два теста, од кои првиот се игра на 20 јануари, а вториот е два дена подоцна.

Овие два контролни натпревари против Турција доаѓаат како дел од подготовките на генерацијата која се избори за Елитна фаза квалификации за пласман на Европско првенство.

Колев на голманската позиција ги повика Амин Суљовиќ, Даријан Денковски и Ринор Цека. Во одбраната ќе бидат Тео Стојчевски, Павел Рибарски, Алек Чедомириски, Грегоријан Михајловски, Филип Цветковски, Михаил Митревски, Давид Лиотоски и Марко Иванов.

Во средниот ред на нашата репрезентација ќе бидат Самуел Вртковски, Марко Мирчевски, Бленди Љачка, Мартин Џангаровски, Арда Илјазовски, Јаков Пресилски, Лука Јасмин Георгиев, Лука Кнежевиќ, Амер Бајрами, Мелдин Аломеровиќ и Павел Миронски.

Во нападот ќе бидат Фадилј Исламовиќ, Васко Папалиски, Јаков Стојковски и Андреј Цветковски.

Репрезентација на Македонија до 17 години за место на континенталниот шампион ќе се соочи со Германија, Франција и Словенија. Турнирот ќе се одигра кон крајот на март, а пласман во завршницата обезбедува само освојувачот на првата позиција.

Завршницата на Европското првенство ќе се одржи од 25 мај до 7 јуни следната година, а домаќин е Естонија.

Овие два контролни натпревари против Турција во Анталија ќе бидат одлична можност за селекторот Влатко Колев да ја провери формата на младите репрезентативци.

Александар Ванев, М-Нет