Рекреативна есенска прошетка од с. Шашаварлија до Црн Врв, утре организирано од Штип

Рекреативна есенска прошетка низ живописни предели од с. Шашаварлија преку с. Калапетровци и искачување на Црн Врв се организира утре од Штип. Ова е идеална шанса за сите љубители на природата, рекреативци и почетници кои сакаат да уживаат во чистиот воздух и прекрасните есенски пејзажи.

Прошетката ќе се одржи утре, ден сабота со почеток во 09:00 часот. наутро. Собирот е предвиден во село Шашаварлија, кај црквата и селската чешма, каде учесниците ќе ги остават возилата.

Трасата започнува со возила до Шашаварлија, а потоа следи пешачење по маркирана патека до село Калапетровци, каде ќе се прават кратка паузи. По паузите, следува сискачување на Црн Врв, од каде сите ќе можат да уживаат во убавиот поглед.

Прошетката е лесна и рекреативна, со вкупна должина од 13 километри и благо искачување од само 300 метри. За учесниците не е потребна посебна физичка подготовка, а се препорачуваат удобни обувки, 1 литар вода и повеќеслојна облека.

Организаторите ги покануваат сите заинтересирани да се пријават и да уживаат во прирордата.

Иван Митев, М-Нет