
Главната улица која води од едниот до другиот дел во старо Калниште ќе биде целосно реконструирана и обезбедена со ново осветлување. Ова денеска на деветтиот ден од изборната кампања го ветија од СДСМ за подобра Општина Штобиштип.
„Главната улица која е спој со улицата „Крсте Мисирков“ и води од едниот до другиот крај на старо Калниште е важна за непречено функционирање за вас кои живеете и гравитирате на овој потег. Улицата ќе биде реконструирана со нов асвалтен слој и по должина на целата ќе биде поставено ново енергетски ефикасно осветлување. Ќе го реконструираме мостот и ќе го уредиме речното корито. Вие го заслужувате најдоброто, ние ви докажавме, а сега ви ветуваме дека ќе ги реализираме најдобрите проекти за нашите сограѓани“ – истакна Горгиевска Зорица, Кандидат за член на совет во Општина Пробиштип.
Од СДСМ истакнаа дека граѓаните можат да го изберат најдоброто за себе и тоа се очекува да биде покажано на 17 октомври.
Лаура Стојанова М-Нет