„Река“ од деца пеејќи ја Вечниот бог по улиците во Штип го најавија Христовото раѓање

Пеејќи ја песната за „Вечниот Бог“ се пренесе радоста за христовото раѓање. Голем број дечиња со жолти ѕвездички во рацете, ја формираа Бадниковата поворка во Штип која се движеше од црквата „Свети Никола“ до плоштадот „Слобода“.

„Огрмна е радоста што осма година по ред преку Бадниковите поворки во Штип ја најавуваме радосната вест за раѓањето христово. Во оваа Бадникова поворка учествуваат дечиња, а децата ги симболизираат ангелите што го најавуваат раѓањето на Богомладенецот. Ѕвездичките кои ги носат во раце ја симболизираат вителеемската ѕвезда која ги носи кон пештерката каде се родил Богомладенецот“ – вели Ристова-Михајловска.

На плоштадот Слобода дечињата беа пречекани од страна на градоначалникот Иван Јорданов, а добија и новогодишни пакетчиња. Исткана дека ваквата традиција ќе продолжи и во иднина со што достоинствено ќе се најави големиот христијански празник Божиќ.

„Навистина ми е драго и голема е радоста што традицијата продолжува осма година по ред. Бадниковите поворки поминуваат низ улиците во Штип, пеејќи радосни песни, најавувајќи го Христовото раѓање.“ – додаде Јорданов.

Бадникови поворки се одржаа во сите градови и помали населени места во државата. Песната Вечниот Бог се пееше и по улиците во Општина Карбинци.

Лаура Стојанова М-Нет