
Грижата на родителите најчесто се заснова за држењето на телото и формата за рбетот на нивните деца која за нив е многу важна, затоа што поради таа причина најчесто посетуваат педијатар или ортопед. Доктор Киров, специјалист по ортопедија и трауматологија посочи дека многу е важно да се води грижа за рбетот на дечињата бидејќи во подоцнежна возраст остава последици. Како што посочи доктор Киров најчесто се јавуваат два деформитети, едниот е странично накривување сколиоза, а другиот деформитет е искривување од назад спрема напред, пзнато како скифоза.
“Друга карактеристика за која треба да се води сметка при самиот раст на детето е рбетниот столб, каде што можат да се јават два деформитети, едниот е странично накривување или сколиоаза, а другото е искривување од назад према напред тоа е скифоза. Доколку се дијагностицира со помош на соодветни корсети или помагала и во комбинација со физикалана терапија доаѓа до 100% корекција.”, истакна д-р Киров
Секоја промена која што се јавува во текот на растот на детето е важна навремено да се дијагностиција, бидејќи медицината постојано напредува па со помош на соодветни корсети или помагала и во комбинација со физикална терапија ќе дојде до целосна корекција.
Лаура Стојанова, М-Нет