
Ракометарите на Текстилец УГД се подготвени за новата сезона во Првата лига, а сезоната се отвара со дерби на домашен терен против екипата на Аеродром.
Натпреварот ќе се одигра утре, недела во реновираната спортска сала при ООУ „Тошо Арсов“ во Штип, со почеток од 14:00 часот.
Како што велат од клубот, ракометарите се подготвени за жестока борба на домашен терен, а притоа истакнаа дека ја бараат и ја очекуваат поддршката од трибините и со победа да ја отворат новата сезона.
Спортската сала „Тошо Арсов“ е реновирана, а истата сега нуди далеку подобри услови за тренинг и игра, но и за самата публика која во еден посебен спортски амбиент ќе ужива во ракометните натпревари.
Александар Ванев, М-Нет