Ракометарите на Текстилец против Аеродром ја затвараат 2025 година – целта е позитивен резултат

Викендот ќе се спушти завесата во Првата ракометна лига откако ќе бидат одиграни натпреварите од последното есенско коло. Екипата на Текстилец од Штип ќе има гостување во Скопје каде ќе се соочи со тимот на Аеродром.

Двете екипи посакуваат триумф и со позитивен резултат да се затвори 2025 година, ова ќе биде дерби од средишниот дел табела кои го делат шестото место со по 12 бодови.

Мулти Есенс ќе се соочи на свој терен против Македонија ЃП, Вардар Неготино ќе биде фаворит против Овче Поле и ќе бара рехабилитација после поразот во претходното коло, Партизан ќе се соочи со „фенерџијата“ Кичево, Преспа оди на мегдан со Јехоан, а пак Драчево Јуниор како фаворит ќе гостува кај Шампион.

Во рамки на последната есенска рунда слободна е екипиата на Младост, а тимот од Богданци веќе е есенски шампион без ниту еден пораз, па тоа за овој тим ова е уште еден огромен успех во богата историја и традиција.

Александар Ванев, М-Нет