Дечињата од детската градинка „Вера Циривири Трена“ Штип ја украсија елката и испратија писма до Дедо Мраз

Со красење на новогодишната елка дечињата од детската градинка „Вера Циривири Трена“ Штип ги започнаа подготовките за новогодишните празници. Сите заеднички со новогодишни песни и игра ја украсија елката, а дополнително испратија писма до Дедо Мраз. Очекуваат нивните мали детски желби да бидат исполнети за Нова година, и да добијат разни подароци, играчки и пакетчиња од Дедо Мраз.

Настанот беше збогатен со многу музика, а заедно со Дедо Мраз играа и се забавуваа и дечињата од детската градинка „Вера Циривири Трена“ Штип. Целта е децата во една позитивна атмосфера да ги дочекаат новогодишните и бижиќни празници. Настанот е дел од програмата на детската градинка, а се организираше и претходните години. Дополнително изминатите денови дечињата имаа и свој штанд на шеталиштето Ванчо Прќе како дел од предновогодишниот базар со што се збогатува предвидената програма.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет