Раководител на ПЕ ,,Брегалница” наредил пренасочување на водата од Злетовска река во канал за наводнување на оризовите полиња


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.Б.(58) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природата“. На 17.07.2023, пријавениот како раководител во АД „Водостопанство на РСМ“ – подружница „Брегалница“ – Кочани задолжил вработени лица да извршат пренасочување на водата од Злетовска река во каналот за наводнување на оризовите полиња, при што не бил оставен проток на вода во реката, а од таквите дејствија дошло до исушување на речното корито и изумирање на растителниот и животинскиот свет.