Радовиш домаќин на завршницата од одбојкарскиот Куп на Македонија во машка и женска конкуренција – ќе се игра од четврток до сабота!

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Радовиш одново ќе биде домаќин на завршницата од одбојкарскиот Куп на Македонија во машка и женска конкуренција. Натпреварите започнуваат утре со полуфиналните двојки во машка конкуренција. Од 16 часот започнува мечот меѓу бранителот на Куп титулата, Штип УГД и Работнички, а од 19 часот натпреварот меѓу Струмица и Борец.

Во петок на програмата ќе бидат полуфиналните натпревари кај дамите. Во 16 часот Наковски Волеј ќе игра со Фит Фан Волеј, а пак во 19 часот ќе започне натпреварот меѓу Работнички Скопје и Јанта Волеј КВ.

Во сабота ќе бидат одиграни финалните натпревари. Големото финале кај дамите е закажано за во 16 часот, а пак финалето кај мажите е закажано за 19 часот.

Натпреварите ќе се играат со СРЦ „25 Мај“, салата претходно беше реновирана со нов под и нови трибини, уредени соблекувални, а тоа ќе понуди идеални услови за одигрување на едно вакво натпреварување како што е завршницата од Купот на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет