
Прволигашот Работнички за новата сезона во Првата кошаркарската лига на Македонија ги промовираше првите летни засилувања. Се работи за бековите Брет Томпсон и Филип Наков.
Американецот Томпсон по доаѓањето во Европа настапуваше во шампионатот на Босна и Херцеговина, а настапуваше во дресот на Леотар.
Наков минатата сезона настапуваше за Вардар, а во Работнички ќе важи за одлично засилување и освежување во редовите.
Во новата сезона 2025/2026 ќе се натпреваруваат 12 екипи, а потоа од сезона 2026/2027 ќе се натпреваруваат десет екипи.
Александар Ванев, М-Нет