
19-тото коло на Првата македонска фудбалска лига понуди погодоци на сите натпревари, најмногу имаше во Струмица, вкупно седум – Работнички со 3:4 славеше над Брера и на тој начин тимот од Дебар Маало можеби го фаќа и последниот воз во трката за опстанок, бидејќи стигна до второ сезонско славје, а прво славје на гостински терен оваа сезона.
Брера останува без бодови во оваа коло во трката за опстанок и со тоа падна две позиции на табелата и сега е во бараж зоната.
Само еден гол го реши натпреварот во Ѓорче, каде Тиквеш со минимални 0:1 славеше над Македонија ЃП, со што сега тимот од Кавадарци излезе од бараж зоната и е во зоната за директен опстанок.
Арсими после двата пролетни порази очекува го доби Шкупи со 0:3 и со тоа дебитантот во фудбалската елита е во средината од табелата односно шести со 25 бодови.
Вардар останува и натаму непоразен лидер, а тимот на Гоце Седлоски има неверојатна победничка форма и ништо не го запира на патот кон титулата, а во рамки на 19. коло славеше со минимални 1:0 над Башкими.
Шкендија се намачи во Кратово каде го доби Силекс со 1:2 и стигна до важни три бода во трката за одбрана на титулата, а пак мечот во Битола беше единствениот без победник откако Пелистер и Струга Трим Лум одиграа 1:1 и ги поделија бодовите.
Вардар е на врвот со 51 бод, а пак Шкендија е втора со 45 бодови, со три помалку е Струга која е трета. Силекс останува и натаму четврти со 35 бодови, а пак Башкими е петти со 26 бодови. Арсими сега е шести со 25 бодови, Тиквеш е место подолу со 24 бодови.
Во бараж зоната е Брера со 23 бодови како осма, а Пелистер деветти со 20 бодови. Нема промени во зоната за директно испаѓање, таму е Македонија ЃП со 19 бодови, Работнички е претпоследен со десет бодови, а на дното е Шкупи со само еден бод.
Александар Ванев, М-Нет