Работнички е во длабока резултатска криза – Струга ги освои трите бодови!

Работнички продолжува со лошите резултати во Првата лига, откако попладнево загуби од Струга на домашен терен во меч од 14. коло со резултат од 1:3.

Стружани стигнаа до своето 11-то славје, додека пак тимот од Дебар Маало го забележа дури деветтиот сезонски пораз. Работнички ниту со новиот тренре Ален Тупајиќ не успеа да победи денес.

Јевтоски во 11. минута го отвори резултатот, а по десет минути Малески зголеми на 0:2 на полувреме. Во вториот дел Трајков намали на 1:2 во 54. минута од средбата, а печат на победата стави Шабани од пенал во 70. минута.

Вчера Арсими запиша историска победа над шампионот Шкендија со 3:0, а пак Тиквеш со убедливи 3:0 го доби Башкими на свој терен. Вардар со 0:2 славеше над Брера Струмица, а пак Силекс го доби тимот на Македонија ЃП со 1:2.

Колото се затвара утре со мечот меѓу Шкупи и Пелистер.

На врвот останува Вардар со 36 бодови, Струга е втора со 35 бодови, а пак Шкендија е трета со 30 бодови.

Александар Ванев, М-Нет