Работа на дело, не на зборови – очекуваат штипјани од новите министри

Ќе се подобрат ли работите по промените во Владата и доаѓањето на нови министри во неколку клучни министерства? Анкетираните граѓани во Штип имаат поделени мислења. Едни велат дека се надеваат оти конечно нешто ќе тргне на подобро. Други остануваат разочарани и не очекуваат многу, бидејќи како што додаваат, со години им е исто. Сепак, дел од нив велат дека останува да се види дали новите промени ќе донесат некаква разлика во секојдневието.

За да има голем бенефит од сите министерства, граѓаните се децидни дека се потребни само млади луѓе, кои истите ќе ги раководат.

Останува да се види дали најавените промени во Владата ќе донесат конкретни подобрувања во секојдневието на граѓаните. Во меѓувреме, тие велат дека ќе продолжат да ги следат случувањата и да чекаат резултати.

Иван Митев, М-Нет