Сведоци сме дека сеуште во нашиот менталитет што подсвесно а што наметнато од традиционалното воспитување од нашите родители и ден денес повеќето професиите се делат на машки и женски. Кога ќе се спомене поимот пчеларење веднаш не асоцира дека со ова се занимаваат мажите, но не е така една од малкуте жени пчеларки е лоцирана во Македонска Каменица која без проблем ги извршува сите потребни активности околу одгледувањето на пчели.
Во мојот живот значи никогаш немало поделба на машчи и женски професии еве секој пат сум сакала да рушам стереотипи, јас сум растена сум родена во село живеев до 12 години во село сум идела и со овци бев секогаш физички активна. Пчеларството можеби е машка професија повеќе некој пат е потребно поголема физичка сила но еве јас го работам тоа.
Целата приказна започнува со сосем случајно виден настан на фејсбук дека има предавање за пчеларство во Каменица и од љубопитност го посетува и како потенцијална кандидатка за пчеларка таа добива бесполатно една на следна конференција уште една плела и така започнува сериозно да се налезе во тој сектор.
Ова ми е четврта година првично со пчеларство немав никакво предходно знаење прв пат отидов на пчеларско предавање кога случајно видов на фејсбук дека во Каменица има пчеларско предавање тогаш немав ниту една пчела и таму прашав како иде цената ако во иднина се одлучам да одгледувам и од таму добив одговор дека даваат по една пчела. Значи моето прво пчелно семејство јас го добив од здружението еко кам мед и на тоа предавање дознав дека има уште една обука за млади пчелари од брегалничкиот регион и едвај чекав да се пријавам на неа и практично од нив добив првите три пчелни семејства.
Со средства од градови за невработени во износ од 10 000 евра неповратни средства во моментот има околу 60 пчелни сандаци.
Моментално имам околу 60 и неколку пчели, пчелар што се вели никој пат не ја знае точната бројка затоа што еве овој период нема никаква работа на нив не треба да се вознемируваат пчелите можеби некое пчелно семејство угинало така да бројката до кај 65 пчелни семејства. Оваа гројка ја имам од оваа година бидејки аплицирав за неповратни средства од мерката млад земјоделец за неповратни до 10 000 евра со тие пари успеав да набавам пчелни сандаци роеви и друга опрема што е потребна така да се надевам дека ќе продолжам успешно да пчеларам.
А идејата и е да може да ги искористи сите бенефити од пчелата.
аплицирав во неколку наврати но досега неуспешно за апи комора и такви работи пчелите ги чувам на две места а конкретно за овде каде се наоѓаме сега пчеларникот е на мое семејно земјиште и сакам да го направам малку туристичко атрактивно значи да изградам апи комора за која не е потребна голема инвестиција тоа може да се направи и од рециклирано дрво, палети но мора да има сепак посебни инхалатори преку кои ќе се дише пчелниот воздух т.е од кошницата кој се збогатен со полен матичен млеч и е многу здраво. Идеата ми е да има мала куќичка каде што че можам да пренокам или пак гостите би преспиеле.
За успех во било кое поле професионално или пак приватно потребна е голема амбициозност упорност и пред се големо трпение за да се оствари целта е една од многуте пораки која Снежана Иливска ги сподели со нас.