
Пуст пазарот на третиот ден од Божик во Штип, слабо продавачи, уште повеќе купувачи и саде неколку тезги со производи кои се бројат на рака. И оние што излегоа на пазар, за М-нет телевизија, велат дошле за да купат само кромид или морков, колку да има за предстојната седмица, бидејќи доволно напазариле за Бадник и деновиве ќе крпат со тоа што им останало. Додаваат дека цените не се високи и дека има квалитет.
Дека побарувачката е слаба согласни и продавачите. Велат иако цените се пристапни, сепак граѓаните најмногу купуваа претходниот петок за Бадник, а овој го отценуваат како слаб. Велат дошле, колку да не се бадијала дома.
Инаку, овој петок се продаваше и домашни свежи јајца, чаеви, портокали, сув нижен пипер, рачно изработени дрвени алатки за во кујна, зачини, како и млад кромид и марула за сите кои што ручекот го почнуваат со салата и чаша ракија.
Иван Митев, М-Нет