
На 25.04.2022 во периодот од 08.00 до 18.30 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Штип во содејство со шумска полиција и Јавното претпријатие „Серта“ – Штип во дворните места на С.И.(35) и Б.М.(24) во с.Кучица биле пронајдени и одземени огревни дрва без соодветна документација. Исто така, во атар на селото биле пронајдени и одземени бесправно исечени огревни дрва. Одземените дрва биле предадени на Шумска полиција и на Јавното претпријатие „Серта“ за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.