Пронајдена 65 годишна жена на планината Плачковица

Пронајдена 65 годишна жена на планината Плачковица. Впрочем утринава нешто пред 10 часот на радовишката страна на планината Плачковица беше пронјадена жената кој во текот на вчерашниот ден беше пријавена за исчезната, истата е во добра здравствена состојба.

Портпаролот на Центарот за управување со кризи, Илија Бојаровски информира дека регионалниот Центaр за управување со кризи известува дека околу 9.45 часот жената која беше изгубена е пронајдена на радовишката страна на планината Плачковица од страна на полициски службеници и е во добра здравствена состојба. Инаку потрагата по неа е почната во текот на вчерашниот ден од страна на полициските службеници, а биле вклучени планинари и ловци. Со случајот се запознати Општина Карбинци, Шумска полиција, потоа ЈП Македонски шуми „Серта“-Штип и Дирекцијата за заштита и спасување.

Лаура Стојанова М-Нет