
Книгата зурлаџиската традиција во Р.Македонија на професорот Горанчо Ангелов денес беше промовирана на музичката акдемија при УГД Штип. Во самата книга се истакнати информации за самиот инструмент, за некогашните и денешни свирачи на овој инструмент, како и настаните на кои овој инструмент бил дел од животот на македонецот. Ангелов за медиумите вели дека во ова дело се опфатени сите региони на државата, а особено се акцентират оние региони каде што овој инструмент и денес ја содржи својата практична примена и е дел од животот на населението.
“Самата материја опфаќа доста информации поврзани со зурлаџиската традиција во Р.Македонија и не само тоа, повеќе за инструментот, повеќе за музиката, за свирачите на овие инструменти и секако контексите, односно настаните на кои овие инструменти биле дел од животот на нашето население. Во студијата се опфатени сите региони на државата и поголем акцент е ставен на оние региони каде што овој инструмент не само во минатото, туку и денес ја има својата практична примена и е дел од многубројни настани во животот на луѓето. Овој инструмент доминира најмногу во западниот дел.”, вели Ангелов
Зурлата како инструмент е многу стар и за среќа тој е присутен и во ова модерно време во својата пра форма, додава Ангелов
Инаку, настанот се оддржа на музичката академија при УГД во Штип, а на настанот беа присутни градоначалникот Јорданов, како и професори од Р.Бугарија.
Лаура Стојанова, М-Нет