Промовирана книгата „Еден век хорска уметност во градот под Исарот“ од Ивана Ѓ. Јанков во Штип

Промовирана монографијата „Еден век хорска уметност во градот под Исарот“ од магистер Ивана Ѓурѓевиќ Јанков. Станува збор за книга во која се дава еден целосен преглед за развивањњето на хорската уметност во Штип, започнувајќи од оджувањето на првата опера.

„Станува збор за монографија на магистер Ивана Ѓурѓевиќ Јанков насловена како „Еден век хорска уметност во градот под Исарот“ во која авторот дава еден целосен преглед на развивањето на хорската уметност, нејзиното влијание, улога. Книгата на еден посебен начин одбележува еден момент кој преставува еден почеток на сите почетоци. Штип во својата музичка традиција се повикува на 1925 година, а тоа е чинот на одрживањето на првата опера.“ – вели Панајотов.

Дополлнително во книгата е опфатено и хорското пеење, постоењето на хоровите и ентузијазмот на поединци.

„Ивана Јанков дава целосен преглед на развитокот на хорското пеење, постоењето на хоровите, меѓутоа и на еден значаен момент кој таа го нагласува дека хорското пеење одсекогаш било производ на ентузијазмот на поединци.“ – додава Панајотов.

Покрај промоција на книгата, истовремено се реализираа уште два настани, односно изложба на фотографии од самата книга монографија и концеерт на градскиот камерен хор.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет