
Фудбалскиот клуб Рудар од Пробиштип од следната сезона одново ќе се врати во Трета лига – Исток, а како што изјави фудбалерот Бојан Иванов, во неговото гостување во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија во понедленик ќе има изборно собрание за промена на управниот одбор на клубот.
Клубот ќе има стабилна финансиска конструкција, кој одлично работи со младинските категории со што во иднина ќе има голем ростер од домашни играчи.
Рудар минатата сезона го откажа учеството во Трета лига – Исток, функционираше со младинските категории, а од следната сезона ќе се активира и сениорскиот тим.
Иванов вели дека од секој аспект како искусен фудбалер ќе му помогне на клубот со цел да ги оствари своите цели.
Третолигашкиот фудбал во Пробиштип ќе се врати од следната сезона, а Трета лига – Исток добива уште еден клуб повеќе. Во следниот период ќе биде познато кои екипи ќе настапуваат во Трета лига – Исток.
Александар Ванев, М-Нет