Еурофарм Пелистер 2 експресно се врати во ракометната Суперлига

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 експресно се врати во ракометната Суперлига, откако битолскиот тим стана шампион во Првата ракометна лига и го подигна шампионскиот пехар.

Низ доминантна сезона и на убедлив начин Еурофарм Пелистер 2 тоа што го најави го оствари – тимот од следната сезона одново ќе биде дел од ракометната елита на Македонија.

Битолани минатата сезона испаднаа од Суперлигата во Првата лига, откако во баражот во Автокоманда загуби од Радовиш, со што радовишани се вратија експресно тогаш во Суперлигат.

Еурофарм Пелистер 2 предводен од Александар Зарков ја оствари целта и од следната сезона Битола ќе има уште еден суперлигаш.

Александар Ванев, М-Нет