Продолжуваат препирките меѓу политичките партии во Штип за изградбата на новата болница

Најголемиот и највреден проект во здравството во Источна Македонија – изградбата на новата болница во Штип е претворена во споменик на неодговорнот работење на СДСМ и ДУИ, посочија денеска на прес конференција од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ. Од таму велат дека шест години не е ставена ниту една цигла на болницата со што трпат пациентите од Истокот и се лечат во лоши услови. Додаваат дека ова е најголема национална катастрофа во здравството.

„СДС и ДУИ шест години се изживуваат со штипјани и народот од Истокот на Македонија, шест години пациентите од Истокот се лечат во лоши услови и не може да ја добијат Клиничката болница која оваа власт ја наследи во напредна фаза и требаше година дена работа за да ја дозавршат. 300 илјади наши сограѓани кои гравитираат околу Штип имаат полоши услови за лекување заради СДСМ и ДУИ. А, оние вработени кои останаа ќе продолжат да работат во услови во кои не се во можност да пружат квалитетна здравствена заштита на граѓаните. Шест години СДС и ДУИ. Не ставија ниту цигла на клиничката болница во Штип, ставија приоритет на неодговорност, корупција и криминал на штета на пациентите од Истокот. Најголемиот и највредниот проект во историјата на македонското здравство во Источна Македонија го претворија во споменик на неодговорност“ – вели Захриев.

Уште многу пати партиските челници на ВМРО ДПМНЕ да излезат на прес, лагата не може да ја претворат во вистина – вратија на од ОО на СДСМ Штип.

„Партиските челници од ДПМНЕ можат да излезат на прес уште многупати но лагата нема да стане вистина. Немате храброст на вашиот лидер да му ја кажете вистината дека ДПМНЕ е најголемиот кочничар на прогресот во државата. Во врска со изградбата на новата клиничка болница, единствено што штипјани наследија од ДПМНЕ е криминал во напредна фаза кој впрочем и беше докажан и признат пред судските органи. Јорданов меѓу другото се фотографираше со едно од лицата кое ја призна вина ја замајуваше јавноста дека Клиничка болница конечно добива разврска. Објектот за новата Клиничката болница беше наследена без соодветна проектна документација, бројни пропусти во проектирањето и најбитно од се должничко доверителски спорови помеѓу изведувач и подизведувач. ДПМНЕ остави хаос, а сега се дрзнува да обвинува. Клиничка болница добива разврска но на легален начин онака како што предвидуваат сите законски процеси. Се согласуваме во едно дека граѓаните од истокот треба да добиваат достоинствена здравствена услуга онака како што заслужуваат. Клиничка болница ќе се доизгради со засилено темпо сега кога конечно дојдовме до конечно раскинување на претходните криминални договори и започнување на постапка за избор на нов изведувач.“ – стои во соопштението на СДСМ.

Лаура Стојанова М-Нет