Продолжуваат заминувањата од Воска Спорт: Голманот Бурхан Мустафа продолжува во нова средина!

ФОТО: Телевизија М Нет

Секој нов ден ново заминување од охридскиот прволигаш Воска Спорт. Голманот Бурхан Мустафа си замина од екипата на Воска Спорт и кариерата ја продолжува во нова средина.

Како што веќе објави телевизија М Нет многу фудбалери си заминаа од Воска Спорт, а пред Мустафа си замина голманот Костадин Захов, Фатјон Јусуфи, Ардит Иљази, Никола Стијеповиќ, Ален Јашароски и штипјанецот Бобан Ѓоргиев.

Најдобриот стрелец во Првата лига, Црногорецот Алекса Марушиќ е пред трансфер во шампионот Струга Трим Лум.

Во својата кариера 33-годишниот Мустафа има настапувано за Слога, Милано Куманово, Дрита од Боговиње, Еуромилк ГЛ, Шкупи, Борец од Велес, Работнички, Гостивар, Брера Струмица, Работнички, а имаше и меѓународна кариера настапувајќи за Феризај од Косово.

Александар Ванев, М-Нет