
Започна втортата фаза од проектот конзоли на река Отиња. Започнаа градежните активности за изградба на конзоли на река Отиња во продолжение на веќе поставените, од општинската зграда до мостот кај црквата Свети Никола во Штип. Парите се обезбедени од Буџетот на општината, а треба да заврши за еден месец.
„Инвестицијата е четири ипол милион денари пари на граѓаните од Буџетот на Општина Штип. Овој потег ќе биде завршен во наредниот месец, но исто така ќе го започнеме и потегот од гимназијата Славчо Стоименски до училиштето Ванчо Прке во наредните денови и практично ќе го зголемиме опфатот. Овде инвестицијата е околу шест милиони денари од Буџетот на Општина Штип. Нашата цел е комплетно да го реализираме низводно на река Отиња целиот проект за конзоли на река Отиња“ – кажа Јорданов.
Истовремено, овој проект ќе продолжи и од другата страна на река Отиња, што за една година се очекува проширување на коловозните ленти од двете страни на реката.
„По иницијатива и поднесување на амандман од страна на пратеникот Никола Мицески се обезбедени четири милиони денари кои догодина ќе бидат инвестирани на другата страна низводно на река Отиња затоа што ќе продолжиме интезивно со реализиација на овој проект“ – додаде Јорданов.
Претходно се поставија конзолите нарека Отиња на потегот пред општинската зграда.
Лаура Стојанова М-Нет