Продолжува соработката на М Нет и ФФМ: Брегалница против Победа, Детонит против Новаци, Скопје против Вардарски

ФОТО: Александар Ванев | Телевизија М Нет

Денес во „Куќата на фудбалот“ беше извлечена ждрепката за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига со што се познати двојките за првото коло, меѓутоа познат е и целиот распоред за пто ќе објави телевизија М Нет.

Во првото коло ланскиот прволигаш Брегалница на домашен терен ќе се соочи со некогашниот прволигаш Победа од Прилеп, ланскиот прволигаш Македонија ЃП стартува на домашен терен против Охрид, Детонит Плачковица ќе игра дома со Новаци, Осогово на домашен терен против Вардар Неготино.

Скопје на домашен терен ќе игра со новиот второлигаш Вардарски од Богданци, Кожуф против Каменица Саса, повратникот Борец против Башкими, Арсими против Беласица.

Во новата сезона нови второлигашите се Борец, кој се врати експресно по една година, како и Вардарски од Богданци кој се врати после 27 години, а пак од Прва лига испаднаа Брегалница и Македонија ЃП, кои во новата сезона ќе се натпреваруваат во второлигашкото друштво.

Главни фаворити за местата кои водат во Прва лига се ланските прволигаши Македонија ЃП и Брегалница.

Новата сезона во Втората лига започнува на 17. август, а исто така во новата сезона продолжува одличната соработка на телевизија М Нет и Фудбалската федерација на Македонија, со што и во новата сезона ќе можете да следите натпревари во живо преку директни преноси на телевизија М Нет. И во новата сезона ќе се организираат отворени студија за време на преносите на телевизија М Нет, со гостин, анализи, разговори, како и збогатена графика каде ќе има комплетна статистика од самиот натпревар.

Александар Ванев, М-Нет