
Одржан Регионален состанок на комуналните претпријатија од Брегалничкиот регион со здружението АДКОМ. Главана тема на дискусија на денешниот состанок беа проблемите со енергетската криза, но и зголемувањето на цените на сите репроматеријали. Директорот на ЈП Исар, Трајче Здравков исткна дека дел од комуналните претпријатија имаат и проблеми со недостаток на вработен кадар, но долговите кои се трупаат не дозволуваат вработување на нови работници.
„Денес сме на Регионална средба во Штип на која присуствуваат директори на повеќе јавни претпријатија. Дискутиравме за проблемите со кои се соочуваме, високата сметка за електирчна енергија, високите сметки на сите репроматеријали, проблемот со новите вработувања, финансиските ситуации. Проблем е што имаме недостаток на кадар, но поради финансиската ситуација не можеме да планираме нови вработувања“ – кажа Здравков.
Според Здравков централната Власт треба да помогне во плаќањето на сметките за електирчна енергија на јавните претпријатија во државата.
“Се надевам дека ќе направеме некој заклучок и да издејствуваме до Централната власт да се најдее решение за цената на струјата“
Директорите на комунални претпријатија истакнаа дека засега нема да воведуваат рестрикции на услугите кон граѓаните. Меѓу барањата на претпријатија е и олеснување на постапката за поставување на сончеви централи.
Лаура Стојанова М-Нет